ФИЛИПЧЕ: ЕВЕ ВЕЌЕ ИМА ЛЕКАРИ КОИ ЗАЕДНО СО ДЕЖУРСТВАТА ЗЕМААТ 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА

//

– Значајна сума на пари се оддели за зголемување на платите на лекарите во Македонија. Значајно се зголеми и сумата на пари кои ги земаат лекарите и сестрите за дежурства и ноќни смени. Еве веќе има лекари каде што заедно со дежурствата платата им е стигната до 100.000 денари, рече Филипче додавајќи дека платата не е секогаш единствената причина за да ги заддржиме лекарите, туку и условите за работа.

Според министерот за здравство проблем се и огромните суми на пари што се одлеваат во странство. Досега според министерот дури 50 милиони евра се одлеани во странски болници. Филипче, најави проширување на услугите на македонските болници за интервенции кои досега се правеле во странство, да можат да се прават во нашите болници.



Претходна статија

А. ЏАМБАСКИ: ДРЖАВНАТА ПОМОШ ЗА ПАРТИИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ НАМАЛЕНА

Следна статија

ЈА ЧЕКАМ И ГРУПАТА НА КРСТО ДА КАЖЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД ОШТЕТАТА ЗА 27-МИ

Најново од Вести