А. ЏАМБАСКИ: ДРЖАВНАТА ПОМОШ ЗА ПАРТИИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ НАМАЛЕНА

/

„Во секој случај субсидијата треба да биде намалена и ќе биде намалена. Дали ќе изнесува 1 лев и некаква друга бројка, таа треба да се намали. Општеството го очекува тоа и истото задолжително треба да се случи“, изјави заменик претседателот на ВМРО и европратеник Ангел Џамбаски во утринската програма на Нова телевизија во однос на износот на јавните средства што им се доделуваат на партиите за секој добиен глас на изборите.

Во моментот за секој еден глас на избори, политичките партии во Бугарија добиваат по малку над 5 евра државна субсидија. Тоа според патриотите од ВМРО треба да се смени и буџетските средства наменети за партиите да се намалат до малку над 50 евроценти.

Џамбаски е дециден дека истите тие пари треба да се користат за политички активности, а не да се чуваат по банкарски сметки без никаков увид од страна на граѓаните за што се потрошени.





Претходна статија

ИГРАЛИШТАТА ЗА ОДБОЈКА И РАКОМЕТ НА ПЕСОК НА КЕЈОТ НА ВАРДАР ПОЧНУВААТ СО РАБОТА

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ЕВЕ ВЕЌЕ ИМА ЛЕКАРИ КОИ ЗАЕДНО СО ДЕЖУРСТВАТА ЗЕМААТ 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПЛАТА

Најново од Вести