Со годишна изложба на учениците и дела од професорите, модна ревија и настап на групата Day off next generation, синоќа Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ одбележа 75 години од своето постоење.
Настанот беше отворен со изложба на уметнички дела на учениците и професорите, а се одржа и модна ревија на ученички креации од одделот дизајн на текстил, под раководство на професорката Лира Грабул и надворешниот соработник Раде Василев.
Повеќе за историјатот на оваа градина на таленти можете на прочитате на следниот линк.