| |

ПЕТАР КОЛЕВ: ЌЕ РАБОТАМ ДРЖАВАТА ДА МУ ПОМАГА А НЕ ДА МУ ПРЕЧИ НА МАЛИОТ И СРЕДНИОТ БИЗНИС

Лидерот на Граѓанско демократската унија Петар Колев во емисијата „Отворено“ на 1ТВ изјави дека државата треба повеќе да му помага на малиот и средниот бизнис, бидејќи тоа е основата на македонската економија. Тој додаде дека како водач на еден од малкуте политички субјекти што пропаѓира чиста конзервативна идеологија, ќе работи за тоа да има што помалку пречки за луѓето што сакаат да започнат свој бизнис. Колев го постави реторичкото прашање, што може да направи државата за малиот и средниот бизнис, додавајќи дека истата повеќе му пречи преку огромниот број лиценци и услови што се потребни за некој бизнис проект да стартува. На прашањето на водителот Сашо Ордановски, зошто Колев не се активирал во политиката преку ВМРО-ДПМНЕ, првиот човек на ГДУ одговори дека според него ВМРО-ДПМНЕ одмна не е десничарска и прозападна партија и додаде дека во Белата палата се наоѓа некаква друга структура, која нема врска со идеологијата на партијата од пред 15-тина години.



Слични Објави