|

Еден од воените “Кугар”-и повторно учествува во гаснењето на пожарот до Илинденци

Екипаж од бугарските Военовоздухопловни сили со хеликоптер „Кугар“ и денеска активно учествува во гаснењето на шумскиот пожар во реонот на селото Илинденци, во Благоевградска област, јавува БГНЕС.

Хеликоптерот полетал утрово во 9:15 часот од воената база Крумово и го поддржува теренскиот ангажман на екипите од бугарската Дирекција за противпожарна заштита и заштита на населението, со фрлање вода врз критичните подрачја.

Според информациите, хеликоптерот и вчера учествувал во гаснењето во истиот регион, при што за шест часа лет извршил вкупно 30 водофрлања над опожарената површина.

Дополнително, втор хеликоптер е во подготвеност за интервенција кај село Доситеево, општина Харманли, во случај ситуацијата таму да се влоши.



Слични Објави