Тимот на Болница Плодност пречекан со овации на 23-тиот Национален конгрес на Бугарската асоцијација за стерилитет

/

На 23 Национален конгрес на Бугарската асоцијација за стерилитет, активно учество имаа нашите гинеколози и ембриолози предводени од прим. д-р Таше Трпчевски, кои преку тамошните излагања, разменија мислења со бугарските гинеколози и други гинеколози од странство, за нивни искуства во областа на хуманата репродукција.

На 23-от Национален конгрес на Бугарската асоцијација за стерилитет, активно учество имаа нашите гинеколози и ембриолози предводени од прим. д-р Таше Трпчевски и м-р Стефан Матиќ . Во рамките на сесиите, одржаа предавања кои се дел од работните искуства во Болница Плодност.

Присутните доктори со овации ги пофалија нивните предавања, како пример за успешност во многу тешки случаи на оператива и ИВФ, што ги прави единствени во регионот.



Честитки за нашиот тим, кој достојно насекаде низ светот ја претставува Болница Плодност.

Извор: БАБАМ БИТОЛА

Претходна статија

Украина: Продолжуваат борбите во Северодонецк

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ја поддржи интерпелацијата што ќе ја поднесат за Талат Џафери

Најново од Вести