ЗАЕВ: БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ЌЕ ГО ЧУВААТ МАКЕДОНСКОТО НЕБО
„Владата донесе одлука да и понуди на Република Бугарија, да биде втората земја која што ќе го покрива македонското небо, со своите авионски ескадрили, затоа што ги исполнуваат стандардите“, изјави премиерот Заев на денешната прес-конференција во Владата на Р Македонија.
Заев изјави дека прифаќањето Бугарија да го чува македонското небо, ќе испрати порака за комплетна доверба до бугарскиот народ.

