ПАТНИЦИТЕ ШТО ДОАЃААТ СО ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ОДАТ 14 ДЕНА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА
Комисијата за заразни болести утринава предложи нова мерка – самоизолација од 14 дена за сите граѓани кои во земјата ќе дојдат со директни летови од Велика Британија. По мутираниот вирус на Ковид 19 во оваа островска земја, Комисијата одлучила оваа нова рестриктивна мерка како предлог да биде предложена до Кризниот штаб.
Комисијата проценила дека засега нема потреба од задолжителни ПЦР тестови од оваа земја. Од комисијата апелираат до граѓаните кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи.
Поради ширењето на мутираниот вирус повеќе европски земји веќе ги забранија летовите од Велика Британија.