|

Воз удри во патничко комбе кај Велес, повредени дванаесет патници

Воз удрил во патничко комбе на железнички патен премин Порцеланка, објави порталот „Ти реков ми рече“.

Како што  тврдат очевидците, до сега во болница се превезени 12 повредени лица.

Патничкото комбе превезувало патници од Велес за с. Мелница, од каде што се повеќето настрадани лица.

-Беше страшно, се слушаа сирени на Итната помош и полицијата, вели еден од очевидците на местото на несреќата.

Извор: Слободен печат

Слични Објави