|

Просечна нето плата во декември била 29.943 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29 943 денари.Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата повработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105.8.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало;поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %).Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележаново секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %)и Градежништво (7.6 %).Инаку, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44 711 денари.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави