СЗО: НЕМА ДОКАЗИ ДЕКА НОВИОТ ТИП КОВИД-19 Е ПОСМРТОНОСЕН

СЗО сè уште нема докази дека новата варијанта на коронавирусот ќе доведе до зголемена смртност, изјави еден од директорите на таа организација, Силви Брајан, за француската телевизија БФМ, пренесува Слободен печат.

loading...

„Вирусите се менуваат и она што се случи сега не е изненадување. Со цел да утврдиме дали мутацијата ќе има влијание врз здравјето на луѓето, ќе мора да направиме дополнителни истражувања во лабораторијата. Во овој момент, не гледаме промена на стапката на смртност, вели таа.

Брајан посочи дека ќе се спроведат и нови истражувања за ефикасноста на вакцината против новата варијанта на коронавирусот, иако засега ништо не упатува дека ќе има разлика во однос на делотворноста.



loading...

„Засега изгледа дека новата варијанта на коронавирусот нема да влијае на ефикасноста на вакцината. Верувам дека мерките кои се преземени во Велика Британија ќе влијае на тоа да се запре ширењето на новата варијанта до масовната вакцинација на населението“, потенцира Брајан.