|

ЗА МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ РАБОТИ

Во нашава драмолетка има едно важно прашање на кое никој не одговара. Винстон Черчил обично велел дека за да земеш правилно решение, секогаш треба да се поставиш на местото на другиот, на местото на другата страна. Дали некој денес се поставува на местото на Бугарите и Македонците?

Советскиот академик Димитриј Лихачов, кога го оценува делото и доприносот на средновековната Бугарија во воздугнувањето на делото на Светите Кирил и Методиј и за претворањето на бугарскта азбука во сесловенска, ја нарекува Бугарија-држава на духот. Нека малку подразмислиме над веројатноста, што би станало од Бугарија и нејзиниот дух, ако во овој момент, било кој од оние кои ја управуваат ги признае претензиите на македонистите од Северна Македонија врз бугарската историја. За бугарите тоа ќе биде вториот Неј, вториот трагичен Нејски договор.

Да подразмислиме над веројатноста, што би останало од Бугарија и нејзиниот дух, ако во овој момент, било кој од раководството во Софија ги поддржи и признае претензиите на македонистите од Северна Македонија, тоа че биде, рековме, вториот Неј. Ако во првиот Неј Бугарија загуби територии и население, по трета по ред изгубена војна на Балканите, денес се бара од Бугарија да го изгуби својот дух, без нито еден воен пораз.

По Првата светска војна, заради понижената национална кауза, во Бугарија избива граѓанска војна, која со мали плими и осеки, продолжува до 1944 година, а реминисценциите на тој национален пораз и граѓанската војна се чувствуваат и денес. Таа војна ја добиваат проруските коминтерновци, кои ја поддржуваат македонистичната кауза. Само расколот меѓу Тито и Сталин ја спасува Пиринска Македонија, таа исконска бугарска земја, да не попадне под власта на Втората Југоимперија и инсталираниот просрпски македонизам.

Можете ли да си претставите, одново денес некој од властите во Бугарија, да ја предаде одново и одново бугарската историја, за да биде расчеречена од просрпската македонистичка пропаганда. Од тоа ќе се изродат катастрофални политички спротиставености во Бугарија, нешто што може да се претвори во нова граѓанска војна. Готов ли е некој политичар во Бугарија, во Европската Унија или во САД (знам, во Русија, Србија и Турција се готови), да ги потпали граѓанските недоразбирања во Бугарија и да ја втурне кон размирици и граѓански спротиставености.

Секој нов несправедлив мир со нашите соседи, секој нов Нејски договор е најкусиот пат кон нова бугарска катастрофа. Нели ЕУ е направена и како лекарство наспроти несправедливите мировни договори по Првата и Втората светска војна. Нели целта на ЕУ е да нема повеќе војни? Што ќе се случи со Северна Македонија ако го прифати бугарското барање за општ препрочит на историјата? Македонизмот ќе се легитимира во ЕУ. Заедно со него конечно ќе се легитимира и македонската државност. Тоа никој во Бугарија не го оспорува. Е, Македонија ќе го изгуби ореолот на средновековната древност, кој што, и вака и така, објективно го нема. Па нели веќе ја изгуби и античната македонска древност, но сепак македонизмот си е здрав и жив, барабар со позициите на управителите во Скопје.
Знам дека болката и копнежите на македонизмот по бугарскта Преродба се големи. Но нема начин да се присвои туѓата историја и минато. Можеш да заграбиш територии, можеш да го уништиш и тероризираш населението, но не можеш да го заграбиш националниот дух. А се додека духовите не се примират, нема да има мир.

Просто речено, по рано или по касно (за сите би било најдобро да е по рано) Северна Македонија ќе признае дека е зачната во утробата на великосрпскиот национализам и е конечно осеменета од коминтерновските политичари пред и по 1945 година. Знам дека не е голема чест да си роден како незаконите и неумно дете на денес веќе неудобните историски фактори. Знам дека првичниот грев на тој зачеток, судбоносно го гризе духот на македонизмот. Македонизмот како Данскиот принц, постојано е притискан од призраците на своите бугарски предци и од нивниот зов, за справедливост кон нивното минато.

Во оваа драма, Бугарија не е Хамлет. Софија не сака, во настап на одмазда, да ги уништи незаконскиродените на балканската сцена, затоа што тие дејствија не носат мир. Одмаздата е утеха само за глупаците и обично се постигнува точно обратното од саканото. Бугарија сака само, пред незаконородените да седнат рамнопоставени меѓу сите нас, да се произнесе вистината за минатото, за да имаме допра и здрава иднина.

Само триесетина години Скопје ја живее својата независност. Зошто забораваме дека таа независност вистински започна со признавањето и од Бугарија. Зарем тоа е малку? Што повеќе сака Скопје?

Овој текст не е мој. Тоа е писмо од мојот пријател во Софија Иво Иванов, новинар во Трета програма на Бугарско национално радио. Јас само го прилагодив неговиот јазик на нашиот и ги вметнав неопходните објаснувања.

Автор: Владимир Перев



Слични Објави