|

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен

Заев и Ахмети се договорија кабелот да биде виновен за 14 изгорени луѓе, наместо да поднесат оставки, велат од опозициската партија, откако вчера Обвинителството го објави првичниот извештај за пожарот во тетовската модуларна болница и откако Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани.

-Заев ја спасува коалицијата СДСМ – ДУИ, за него владата е поважна од 14 изгубени човечки животи. Заев вчера излезе и ги отфрли оставките на Филипче и Хасани, затоа што тие здружено двајцата се челници на криминалот во здравството. Заев не ги дава Филипче и Хасани затоа што многу знаат, знаат и за провизиите од кинеските вакцини, а знаат и за сите матни тендери. И затоа Заев кажува приказни за мали деца, затоа нема одговорност, туку кабелот е виновен за смртта на 14 луѓе. Ако не беше кабелот ќе беше штекерот или осигурачите, но за Заев никако не смее одговорен да биде Филипче, затоа што тие се здружени во криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави