ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО И ЛИПКОВО ПО ПОВОД РАМАЗАН

//

Црвен крст на Република Македонија-општинска организација Куманово заедно со своите волонтери и во соработка со Здружението ,,Мерхамет,, Куманово, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам вчера подели 300 пакети со прехрамбени производи на социјално ранливи семејства од Куманово и општина Липково.
Оваа хуманитарна помош беше донирана од Турската Црвена полумесечина по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, со цел да се помогне на социјално ранливи семејства од муслиманска вероисповест да можат да го прослават празникот со полна трпеза

 





Претходна статија

АМСМ: СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Следна статија

ВЛАДИКАТА ПИМЕН ДО ГРЧКИОТ ВЛАДИКА СЕРАФИМ: КАМЕЊАТА МОЖЕБИ И ЌЕ СЕ ИЗЕДАТ, НО СРАМОТ НЕ СЕ ЈАДЕ.

Најново од Вести