БКИЦ: Многу смеа и бурни аплаузи за „Кревет за двајца“ во Куманово
Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија синоќа ја изведе претставата „Кревет за двајца (тотална катастрофа)“ на меѓународниот фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје на својата фејсбук-страница.

Според објавата, претставата предизвикала „многу смеа и бурни аплаузи“ кај публиката.
Во претставата настапиле актерите Александра Срчаџиева, Николај Луканов, Јавор Борисов и Стела Ганчева.
На изведбата присуствувале дел од тимот на Бугарскиот културно-информативен центар и претставници на Амбасадата на Бугарија во Скопје, кои им честитале на актерите за настапот.
