Казни од 10 години до доживотен затвор им се закануваат на уапсените српски напаѓачи
Казна од 10 години до доживотен затвор им се заканува на уапсените српски напаѓачи во инцидентот кај селото Банска во Косово, jавува Н1, пренесува БГНЕС.
Тие ќе одговараат за „тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, за „подготовка на терористички акти или злосторства против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ и за „неовластено поседување и контрола на оружје“.
По вооружениот инцидент, властите во Приштина упатија обвиненија дека станува збор за „криминална група“ која е „поддржана и финансирана од Србија“, барајќи казна и санкции од официјален Белград.
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла рече дека Србите кои се судрија со полицијата „планирале да го дестабилизираат северот и потоа да прогласат автономија во близина на реката Ибар“. Тој во интервју за Еуроњуз изјави дека групата ја предводел потпретседателот на Српската листа, Милан Радојчиќ, „по налог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.


