| |

Курти: Ако Србија не биде казнета, ќе го повтори делото

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Србија треба да биде меѓународно казнета за неделниот напад во Бањска во Звечан, каде што беше убиен косовскиот полицаец Африм Буњаку, објави Перискјопи, пренесува БГНЕС.

Од парламентот нагласија дека доколку Србија не биде санкционирана ќе го повтори делото.

„Во неделата доживеавме напад на агресија од криминални и терористички групи на Србија против нашата земја. Во оркестрираниот напад на терористичките банди загина наредникот Африм Буњаку, а беше ранет уште еден полицаец. Беше тежок ден за нашата земја“, рече Курти. „Терористите или се убиваат, или се апсат, или се ловат откако ќе избегаат. Африм Буњаку е најмладиот херој на Косово. Тој беше убиен во заседа. Како што се гледа дека секој криминалец и терористичките банди немаат шанса против косовската полиција“, додаде тој.

Според него, во неделата имало терористички напад со кој била нарушена националната безбедност на Косово.

„Напаѓачите кои се во бегство мора да им бидат предадени на косовските власти. Овие организации, исто така, треба да бидат прогласени за терористички од земјите партнери. За овој чин Србија мора да биде санкционирана и меѓународно казнета, бидејќи ако остане неказнета, ќе го повтори делото“, рече премиерот Албин Курти.

Слични Објави