МАЖ ВО СЕЛОТО МАРТОЛЦИ ПАЛЕЛ СУВА ТРЕВА, А ОГНОТ ГО ЗАФАТИЛ И ПОЧИНАЛ
Синоќа околу 18.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во нива во село Мартолци, велешко, починат и со изгореници на телото било пронајден 80-годишниот Ј.А. од истото село.
Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, посочи дека вчера околу 13.00 часот Ј.А. запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него.
-Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицинскиот центар Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб, информира Додевски
