(ВИДЕО)П.КОЛЕВ: АКО САКАМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ БОГАТО КАКО ГЕРМАНЦИТЕ, ТРЕБА ДА ГИ НАПУШТИМЕ БАЛКАНСКИТЕ ПРАКТИКИ
Според претседателот на партијата Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев, подигањето на НАТО знамето пред Владата на Република Македонија нема да не направи НАТО-вци, бидејќи во нашата земја продолжува примената на балканските практики во речиси сите сфери на животот и највеќе во политиката. Колев е дециден дека за да станеме богати како Германците, треба да ги почитуваме германските правила и да заборавиме на нашите балкански навики.
