|

„МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“ СО ОБВИНЕТИ БОКИ 13 И РЕМЕНСКИ СТАРТУВА НА 1 ЈУЛИ

На 1 јули ќе почне судењето за случајот „Меѓународен сојуз“, каде обвинети се Бојан Јовановски, професорката и пратеничка Фросина Ременски и други лица, пренесува Фокус.

Овој предмет ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова. Разликата е во тоа што сега судијката Гаврилова -Ефремова е претседател на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.

Првообвинет во случајот е Бојан Јовановски, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, Јасна Мандиќ, Христина Блажевска, како и пратеничката Ременски.

Како што неодамна соопшти Јавното обвинителство, со дејствијата опишани во обвинението за кривичното дело „измама“ се товарат првоосомничениот, а три лица се обвинети за помагање во извршувањето на истото кривично дело, воедно за кривичното дело „измама“ е обвинето и правното лице. Првообвинетиот се товари и за кривично дело „перење пари и други приноси“, при што три лица се обвинети дека му помогнале во извршувањето на ова кривично дело.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски, дека ќе учествуваат во проект за изградба на старечки домови, за што вкупно искеширале над 1 милион евра.



Слични Објави