ЃОКО ЃОРЧЕВ СО ИНТЕРЕСЕН ПРОЕКТ ПОСВЕТЕН НА МАКЕДОНИЈА

Македонската естрадна ѕвезда Ѓоќо Ѓорчев со интересен проект. Македонскиот Том Џонс заедно со Ирена Стевановска, Кате Танева од „Нели ти реков“, и сопраното Кристина Палија подготвуваат препев и спот за евергринот „Земјо моја“.

Аранжманот на песната е дело на Филип Стевановски, а автор на препевот е Огнен Неделковски.

Веднаш после снимањето на песната, ќе биде снимен и спот, во кој ќе можат да се видат едни од најубавите предели на нашата земја.

Подржувач на овој проект е винаријата „Бовин“.