|

ПАУНОВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

„Инспекторите се секојдневно на терен. Имаат наредба во сите тераси на угостителските објекти да проверат дали се спроведуваат протеколите. На лице место кога биле, имаат обврска да извршат контрола и во затворениот простор. Кога побарале да влезат биле спречени да извршат контрола. Тогаш им станало сомнително дека имале луѓе и инсистирале да влезат. На испомош дошле уште двајца инспектори. По два часа кога не отвориле, бил повикан и раководителот. Било рутинска контрола, ниту знаеле, ниту имале намера, ниту очекувале дека ќе излезе она што отпосле испадна“ изјави на денешата прес-конференција директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски во одговор на новинарско прашање зошто инспекторите извршиле контрола баш во локалот во кој бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични Објави