ПАУНОВСКИ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА РЕСТОРАНОТ ВО КОЈ БЕШЕ ЗАТЕКНАТ МИЦКОСКИ

//

Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, во одговор на новинарско прашање, во врска со синоќешниот инцидент во угостителски објект во Скопје, кадешто беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, појасни дека на инспекторите повеќе од два часа не им било дозволен влез во внатрешниот дел на објектот.

Како што кажа Пауновски, инспекторите биле во рутинска контрола во тоа подрачје и кога на нивно барање не им бил дозволен влез во внатрешниот дел од објектот. Подоцна била повикана и полицијата.

„Против правното лице веќе е преземена прекршочна санкција за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност…бидејќи ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, за што инспекторите имаат и докази, денеска е поднесена кривична пријава. Против физички лица не преземаме никакви санкции“, рече Пауновски.





Претходна статија

ПАУНОВСКИ СО ДЕТАЛИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Следна статија

СТРУМИЧАНКА, КОЈА СЕ ЛЕКУВА НА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ, ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

Најново од Вести