(Видео) Куќа-музеј „Иљо Војвода“
Куќата-музеј „Иљо Војвода“ се наоѓа во Ќустендил, во некогашното преродбеничко маало Градец. Куќата била обновена на крајот на 1970-тите години на минатиот век, а во 1980 година официјално била објавена за музеј.
Иљо Марков со семејството се населил во Ќустендил по неуспешниот и крвав крај на Кресненско-Разложкото востание од 1878 година, во чија подготовка учествувал. Тој е револуционер, ајдутин, водач на голем број ајдучки чети.