ПРОДОЛЖУВА „ПАЗАРОТ“ ОКОЛУ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Продолжуваат разговорите меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Ова го потврди денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, кој изјави дека материјалите што ги доставила ВМРО-ДПМНЕ за овој закон не се во согласност со европските преговори поради што разговорите продолжуваат. Очекувањата се овој закон да биде последниот дел од реформскиот пакет закони што треба да бидат усвоени. Според Бошњаковски, нема никакво намалување на интензитетот на преговорите со ЕУ.