РУСКОСКА: ДО КРАЈОТ НА МАЈ ОБВИНЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА „27 АПРИЛ“

Обвинителката Вилма Рускоска вели дека најдоцна до крајот на мај очекува да биде поведено обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година.

„Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да изврши увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок, по што ќе ја привршам истрагата“, изјави денеска Рускоска.

Поранешниот претседател на Собранието, како и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се меѓу обвинетите за „27 април“ како организатори на настаните.