НАНЧЕ СЕ СРЕТНА СО ЖИТЕЛИ НА СЕЛОТО КУРАТИЦА

Синоќа во селото Куратица, кандидатот на ГДУ, Михаил Трендафилов- Нанче имаше средба со мештаните, на која се разговараше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните од ова место.

Жителите на селото Куратица побараа да се вратат месните заедници и исто така како најголем проблем го истакнаа поврзувањето односно немањето на пат кој ќе ги поврзува Општина Охрид со Општина Дебарца. Невработеноста и наглото иселување на младите причинуваат голема загриженост на куратичани. Михаил Трендафилов- Нанче им кажа на мештаните дека не може со магично стапче да се решат сите проблеми, но им порача дека ако стане татко на градот со многу работа, чесно и домаќински, заедно ќе почнат да ги решаваат проблемите еден по еден.

Средбата во селото Куратица помина во пријателска атмосфера во која сите присутни во отворен разговор можеа да ги претстават и да добијат одговор за своите проблеми.