Трагедија во Кавадарци, се урна кран во Кавадарци, загинаа две лица
Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. Информацијата за МИА ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.
На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.
Извор: Zoom. mk
