ДЕСКОСКА МУ КАЖАЛА ДВЕ ВАРИЈАНТИ НА ЗАЕВ, АКО НЕМА ЦЕНЗУС НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Вести Истакнато Македонија

„Рената Десковска како прв правник во мојата Влада ми вика, имаш две варијанти – повторување на изборите, и можност да се смени Уставот и во него се две подможности – или да го тргнеш цензусот или да бираш претседател во Собранието. И што сега ќе мислам, мислам како ќе има цензус. И ќе има цензус, верувам дека ќе го постигнеме, затоа што верувам во граѓаните. Нема да ја остават вака државата да оди низ вода. Тоа ќе биде нова политичка криза“, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за Тв 21.