БРАНКИЦА ДИМИТРОВСКА: МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА НЕМА СЛУХ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЛУЃЕТО СО ХЕНДИКЕП
Претседателката на невладината организација „Хендикеп плус“ Бранкица Димитровска во утринската програма „Добро утро-секое утро“ на ТВ Алфа, изјави дека пред луѓето со посебни потреби постојат огромен број проблеми што треба да се решат.
Димитровска истакна дека персоналните асистенти не се опфатени од новиот закон за работни односи. Таа додаде дека тие се револтирани и најавуваат протест. Димитровска истакна дека асистентите ќе ја добијат поддршката на корисниците на нивните услуги.
Претседателката на „Хендикеп Плус“ истакна дека комуникацијата на министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска со луѓето со попреченост е на многу ниско ниво и речиси непостои. Таа додаде дека луѓето со хендикеп и порано имале проблеми во комуникацијата со официјалната власт, но никогаш состојбата не била толку критична и без слух за проблемите на овие граѓани.

