ОНЛАЈН АРХИВА НА РЕФЛЕКСИИ – ОБИД ЗА СОЗДАВАЊЕ НОВ ЈАВЕН ПРОСТОР ЗА КУЛТУРНА РАБОТА

Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје соопшти дека соочени со кревкоста во услови на пандемија ја прошири својата програма „Современа култура и културни политики“ во 2020 создавајќи онлајн активност – #АрхиваНаРефлексии – Каде сме и каде одиме? – која има за цел да создаде и сподели архива на размислувања за сегашните и претстојните социо-политички и економски влијанија врз уметноста и културата во општествата како нашето, кои имаат многу кревки услови за работа на културните работници и уметници, како и во општествата со поорганизиран систем на поддршка на културната продукција.

За таа цел ги покануваат колегите – културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество – да предложат, критикуваат – односно да промислат и рефлектираат – на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња, нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници.

Слични Објави