АГАТАНГЕЛ ГИ ПОВИКА ВЕРНИЦИТЕ ВО ДВОРОВИТЕ НА ЦРКВИТЕ

/

„Со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а заради пандемијата со КОВИД-19, која се однесува на забраната за посетување на гробните места за денот на покојните – ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав, во деновите 05.06. 2020 (Петок) и 06.06.2020 (Сабота), во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упокоени блиски роднини и пријатели.

Во тој спомен (на нашите претходно упокоени) на ден 06. 06. 2020 (Сабота) со почеток во 08 часот ќе биде отслужена и Заупокоена Литургија во сите храмови. Затоа Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри во Христа, стои во соопштението на Повардарската епархија.





Претходна статија

БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ НА ВАТИКАН ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Следна статија

ОНЛАЈН АРХИВА НА РЕФЛЕКСИИ – ОБИД ЗА СОЗДАВАЊЕ НОВ ЈАВЕН ПРОСТОР ЗА КУЛТУРНА РАБОТА

Најново од Вести