|

Бугарија и Романија со заедничка физибилити студија за изградбата на втор мост на Дунав кај градот Русе

Бугарската влада го одобри писмото за заедничката иницијатива меѓу Министерството за транспорт и врски на Бугарија и Министерството за транспорт и инфраструктура на Романија во врска со спроведувањето на физибилити студија за вториот мост на реката Дунав кај Русе. Ова го соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Министерството за транспорт и врски на Бугарија и Министерството за транспорт и инфраструктура на Романија се во фаза на подготовка на заеднички проект за физибилити студија за мостот. Како дел од документите за аплицирање, предвидено е и потпишување на Писмо за заедничка заложба од страна на двајцата министри со цел последователно спроведување на планираните активности во рамки на студијата, доколку проектот биде одобрен за финансирање.

На 22 септември во Русе ќе се одржи конференција на тема „Мост на очекувања: Важноста на Шенген за Бугарија и Романија“. Форумот има за цел да даде можност за длабинска дискусија меѓу бугарските и романските политичари, амбасадорите на двете земји, граѓаните и претставниците на бизнисот.



Слични Објави