Д-р Врабевски продолжува со добрите дела за Бугарите во Мала Преспа- овој пат донираше медицинска опрема за здравствените центри во селата Пустец и Долна Горица
Фондацијата „Бугарска памет“ донираше медицинска опрема и потрошен материјал за медицинските центрови во две албански села во регионот Мала Преспа, кои се со претежно бугарско население, јавуваат од Фондацијата.
По донираните од фондацијата противпожарно возило и теренско возило за социјално покровителство за истиот регион, сега донацијата повторно е насочена кон подобрување на квалитетот на медицинската нега во регионот.
Медицинските центри во село Пустец и село Долна Горица, покрај огромната количина на средства за прва помош, добија и опремени кеси за итна помош, два климатизери и потребниот за регионот професионален биохемиски анализатор за читање тестови на крвта.

„Досега, луѓето во областа, кои главно се постари и не можат да се движат, мораа да патуваат до најблискиот голем град за да направат комплетни тестови на крвта. Биохемискиот анализатор што го донираме ќе ги обезбеди овие потреби на мештаните со тоа што ќе им овозможи да направат тестови на крвта во двата блиски медицински центри во областа – во село Пустец и село Долна Горица“, споделуваат од тимот на фондацијата „Бугарска памет“
Тие додаваат дека ќе донираат и два професионални апарати за мерење на крвен притисок во медицинските центри.

Фондацијата на д-р Милен Врабевски има богата историја поврзана со донации за регионите во Албанија во кои живеат Бугари. Минатиот месец едни од најпознатите бугарски кардиолози извршија бесплатни кардиолошки прегледи по заедничката иницијатива на фондацијата и Министерството за надворешни работи на Бугарија. За два дена беа прегледани 220 луѓе.
Од Фондацијата потсетуваат исто така за големиот број семинари организирани од нив за ученици од Бугарија, Албанија, Украина, Молдавија, Северна Македонија и Србија. Д-р Врабевски беше дел од иницијативата за започнување на процесот за признавање на бугарското малцинство во Албанија. Тој со лични средства го финансираше ремонтот на водоводот во селото Туминец и опреми една библиотека, учителска соба и модерен компјутерски кабинет во училиштето во Пустец.
По сигнал на д-р Врабевски во 2021 г., бугарската држава ја финансираше изградбата на асфалтиран пат меѓу селото Врбник, кое е со претежно бугарско население и градот Билишта, стои во соопштението на Фондација „Бугарска памет“.
