ЗАЕВ И ОБВИНЕТИОТ ЗА „27 АПРИЛ“ СИ ПОДАДОА РАКА
Премиерот Зоран Заев денеска во судница се соочи со обвинетиот Илија Петрушевски кој се товари за кривично дело насилство што се случило на 27 април 2017. Обвинетиот Петрушевски не чувствува вина за кривичното дело за кое се товари и тврди дека воопшто не го удрил и не го допрел Заев кобната вечер туку бил само присутен, пренесува Фокус.
Заев рече дека тој не се сеќава на ликот на обвинетиот.
-Две и пол години се поминати не можам да се сетам на ликот кој е овде дека бил во прес салата, рече Заев.
Обвинетиот му се извини на премиерот и двајцата се ракуваа пред судот.
-Им се извинувам и на премиерот и на сите пратеници кои беа загрозени. Најискрено не придонесов на никаков начин ни со удари ни со ништо, само учествував, рече обвинетиот.
Целиот напис прочитјате го овде.
