| |

ЗА СПЕЦИЈАЛИСТИТЕ 25%, ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ 10% ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД ФЕВРУАРИ

„Постигнавме историски договор за досега рекордно зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари 2020 год. Платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25%, а на медицинските сестри за 10%. Кумулативно заедно со сите други зголемувања од 2018 година наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри меѓу 20 и 23%“, изјави министерот за здравство  Венко Филипче по средбата со претседателите на гранковите синдикати, Љубиша Каранфиловски и на синдикатот на Клиничкиот Центар Горан Беговиќ.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски потсети дека ова е четврто покачување на платите изминатиов период, имајќи предвид дека веќе беа зголемени и додатоците за дежурство и за ноќен труд.

Во текот на следната година ќе бидат разгледани можностите за покачување на платите и на помошниот технички персонал и администрацијата во јавноздравствениот сектор.



Слични Објави