| |

Одбележуваме 116 години од смртта на војводата Иван Наумов- Алабакот

На 24 август 1907 г., близу до с. Белица, Кичевско јуначки загинува војводата Иван Наумов – Алабакот, бугарски револуционер и член на ВМОРО.

Тој е роден 1870 г. во село Ораовец, Велешко. Поради недостаток на финансии не може да учи и оди да работи во Солун. Таму се запознава со идеите на ВМОРО и е привлечен во организацијата од Михаил Апостолов Попето (од Радомирско). Во Драма и Кавала работи като бакалин. Во 1902 г. убива еден Турчин и бега во Софија. Истата година се враќа како четник во Одринско и Пашмаклиско.

Од 1903 г. е организационен војвода во Крушевско. За време на Илинденското востание раководи едно од одделенијата, кое учествува во запалувањето на жандармериската касарна во Крушево. По востанието се повлекува во Бугарија. Во Софија, во 1904 г., заедно со Мамин Кољо (од Хасково), после неуспешен атентат врз турскиот конзул, при кое е ранет неговиот гавазин, се затворени шест месеци. Со чета, на која е војвода, влегува одново во Македонија. Кога настапиле несогласувања во ВМОРО, Алабакот е меѓу приврзениците на Борис Сарафов. Како војвода ги обиколува Велешко, Прилепско, Кичевско и Поречието.

Освен со турските војски неговата чета води борби и со новопојавената србска вооружена пропаганда. Во 1904 г., заедно со војводата Боби Стојчев (од Дрјаново), разбиени се од турска потера и се убиени 16 негови четници. Во 1905 г. четата на И. Аљбакот го изгонува Димитар Чуповски од Македонија, кој дошол во Велес да ги шири идеите на Мисирков, кои се сметале за про-србски и анти-бугарски. Во 1907 г., Алабакот влегува во Македонија како војвода на една от најголемите организациони чети, која се состоела од 60 души, повеќето от кои војници од Бугарската армија, сред които и Константин Ќуркчиев (од Ќустендилско).

Таа чета учествува во битката на Ножот и Попадиските чукари, заедно со другите, дојдени од Бугарија чети – на Тане Николов (од Хасково), Михаил Чаков (од Гуменџе) и Христо Цветков (од Костурско). Во август истата година, враќајќи се од конгресот на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО, на кој е избран за окружен ревизор на четите, Алабакот е убиен со двајца свои четници.



Слични Објави