НОРВЕШКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА

Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје го продолжува прикажувањето на филмовите од ексклузивната програма Фокус на Норвешка во наредните денови.

Ова е всушност прво претставување на норвешката кинематографија во Македонија и во склоп на оваа програма во Кинотеката на Македонија во недела ( 25 ноември ), понеделник ( 26 ноември ) и вторник ( 27 ноември ) ќе бидат прикажани следниве филмови од најновата филмска продукција во Норвешка:

25.11.( недела) 18:00 – Кон-Тики/Kon-Tiki by Joachim Ronning and Espen Sandberg

26.11 ( понеделник ) 18:00 – „Во случај на исчезнување/In Order of Disappearance by Hans Piter Moland

27.11 ( вторник ) 18:00 – „Бранот/The Wave by Roar Uthaug

Некои од филмовите ги имаат добиено најзначајните награди во Норвешка, а некои од нив воедно се и светски бестселери.