„ПРЕДАВНИЦИТЕ“ НЕМА ДА МУ ЗАБИЈАТ НОЖ ВО ГРБ НА ГРУЕВСКИ ВО ПАРЛАМЕНТ

Oсумината пратеници од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски, рече координаторката на пратеничката група, Елизабета Канческа-Милевска на денешната прес конференција за нацрт амандманите за уставни промени. Од тоа станува јасно дека „предавниците“ и покрај тоа што беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ нема да му забијат нож во грб на нивниот почесен претседател Никола Груевски.