| |

ЈАНАКИЕСКИ И БОЖИНОВСКИ НА ЈАВНИ СЕДНИЦИ ЌЕ БАРААТ УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ, МИЈАЛКОВ БАРА СЕДНИЦА И ЗА НЕГО

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски во понеделник на јавна седница ќе ги образложат жалбите за определената мерка притвор, која бараат да им биде укината. Како што јавува порталот МКД.МК нивните барања се одобрени и седниците ќе се одржат во понеделник во различни термини. Од своја страна, јавна седница на Апелативниот суд побара и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Мијалков приговара на фактот што решението за притвор е донесено само врз основа на доставениот предлог од надлежното обвинителство, како и од извршениот увид во списите на кривичниот предмет, без да се сослушаат неговите аргументи и аргументите на адвокатите.

Слични Објави