АА: За власт ДУИ би коалицирала и со Путин

/

За власт ДУИ би коалицирала и со Путин, а камоли со Данела Арсовска или со Левица на Апасиев. Вака Суреја Рашити од Алијанса за Албанците ја коментира неодамнешната соработка на градоначалничката на Скопје со ДУИ со именувањето на двајца директори од нивните редови.

„Вие сте сведоци дека година дена по ред тераа голема пропаганда обвинувајќи ја Алијанса за Албанците дека е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица, а еве нè денес се покажува дека сета оваа врева, немала никаква друга цел освен власт, тие да дојдат на власт. Веќе знаеме дека кога е власта во прашање, тие можат да коалицираат не само со ВМРО, не само со Левица, туку ќе коалицираат симболично и со Путин ако треба, само за да останат на власт“, рече Суреја Рашити- Алијанса за Албанците.

Потсетуваме дека градоначалничката на Скопје за директор на претпријатието „Паркови и зеленило“ го именуваше Зухејр Реџепи од Сарај, додека за директор на „Улица и патишта“ Саид Саиди од општина Чаир.



Во знак на револт поради нивното назначување, Бујаре Абази од Алијанса за Албанците поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалник на Скопје, обвинувајќи ја Арсовска дека го прекршила договорот.

Извор : Zoom. mk

Претходна статија

Столтенберг: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната

Следна статија

Груби: Ахмети го има народот зад себе

Најново од Вести