Бугарски професор од Киев: Русите не си тргнаа со празни раце од Херсон, украдоа дури и ракун од зоолошката градина

/

Украинските трупи го вратија Херсон, единствениот регионален центар во Украина што Русија го зазеде по нејзината инвазија на 24 февруари. Градот беше окупиран од Русите повеќе од 8 месеци.

„Радоста за нас е голема, ова е пораз за Русите. Сега Русите многу тешко го доживуваат овој пораз. Ситуацијата во Херсон е многу тешка, имам познаници таму. Доброто е што се уште е топло, температурите се нормални. Веќе има мобилен интернет, се вратија украинските мобилни оператори. За нормалното снабдување со струја ќе биде потребен еден месец. Во Херсон нема проблем со вода. Имаат храна, поголемиот дел е од хуманитарна помош“, рече доц. Даниел Бенатов, кој предава во Киев бугарската телевизија „Бугарија ON Air“.

Тој претпоставува дека не останале толку руски војници колку што има нивните симпатизери и соработници во областа.

„Русите не го напуштија Херсон со празни раце. Ги ограбија музеите, библиотеката, па дури и зоолошката градина. Украдоа ракун и се фалеа со него“, нагласува доц. Бенатов.

Мостот Антоновски е уништен и никој не може да го користи. Поголемиот дел од Херсон се наоѓа на десниот брег, а уништувањето на мостот нема да попречи на офанзивната операција на Украина, станува јасно од неговите зборови.



Според расположението во Киев, проф. Бенатов смета дека украинското општество е склоно да продолжи со воените дејствија. Се бара ослободување на Крим и на Донбас, убеден е професорот од Киев.
„Нуклеарната централа Запорожје сè уште е под руска контрола, а оваа офанзива е многу важна за Украина“, нагласи тој и се согласи дека украинските војници веќе имаат предност пред руските.

Проф. Бенатов ја дефинира како добар знак одлуката на бугарскиот парламент, Бугарија да испрати оружје во Украина.

Претходна статија

Турција ја обвини ПКК за бомбашкиот напад во Истанбул

Следна статија

(Видео) Моментот кога полицијата ја уапси осомничената за нападот во Истанбул

Најново од Вести