СУСПЕНДИРАНИТЕ ГИНЕКОЛОЗИ ОД БИТОЛСКАТА ГИНЕКОЛОГИЈА ОД ДЕНЕСКА НА РАБОТА- ДОБИЈА САМО ПАРИЧНИ КАЗНИ

Двајцата битолски гинеколози кои беа суспендирани затоа што дозволиле неовластено невработено лице да присуствува во операциската сала, од денеска се вратија на работа. Скандалот во битолската гинекологија се расчисти со парични казни за лекарите, шест месеци со намалена плата за 30 проценти.

loading...

Веста за враќањето на работа и изречените казни ја потврди за „Независен“ директорката на Клиничката болница во Битола д-р Билјана Гагачовска.

„Од денес гинеколозите почнуваат на работа, заврши дисциплинската постапка. Комисијата донесе предлог-казна врз која се донесе решение од директор за изрекување на казна за двајцата лекари – максимална парична казна која ја предвидува Законот за здравствена заштита и тоа 30 проценти во наредните шест месеци“, вели за „Независен“ директорката д-р Гагачовска.


loading...

Потсетуваме дека скандалот што се случи на битолска гинекологија го обелодени токму „Независен.мк“. Гинеколозите Михалјо Вангелов и Гоце Чакаровски, на првиот ден од новата година дозволиле невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез.