НАСТАВНИЧКА ПОЗИТИВНА НА КОВИД СТАВИ ВО ИЗОЛАЦИЈА 15 ПРВАЧИЊА ВО ОУ„ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ЦЕНТАР
Петнаесет првачиња од ОУ „Гоце Делчев“ во скопската населба Центар од синоќа се во 14-дневна изолација откако една наставничка е позитивна на коронавирус.
„За една наставничка е потврдено дека е позитивна на ковид-19. Вчера добивме резултати и веднаш им се јавивме на родителите. Таа ќе држи онлајн-настава, а децата се во изолација“, изјави за „360 степени“ директорката на училиштето, Наде Молеровиќ.
Таа рече дека уште една наставничка е во изолација како сомнителна и ги чека резултатите од тестирањето в сабота. Таа дотогаш ќе остане дома, додека децата од нејзиното одделение одат на настава со заменски наставник.
„Сѐ додека не се потврди дека таа има ковид-19, децата ќе одат во училиште. Наставничката можеби има само настинка. В сабота, ако се покаже дека се работи за ковид, в понеделник ќе ги изолираме децата“, ни изјави Молеровиќ.
Извор: 360 степени
