| |

БРОД ПОЛН СО КОКАИН И БЕЗ ЕКИПАЖ ПРОНАЈДЕН НА ОСТРОВ ВО ПАЦИФИКОТ

Брод без екипаж, долг пет и пол метри, натоварен со кокаин, беше откриен минатата недела засукан на атолот Ајлук, дел од Маршалските Острови, изјави државниот правобранител.

Вкупно 649 килограми кокаин биле скриени под палубата, изјави во средата јавниот обвинител Ричард Хиксон.

Тој процени дека бродот најверојатно пристигнал од Централна или Јужна Америка и евентуално пловел по морето една или две години.

Полицијата соопшти дека дрогата, спакувана во пакувања од по килограм и етикетирана како „KW“, била запалена, а зачувани биле само две пакувања за да бидат испратени на анализа до американската Управата за борба против наркотици (ДЕА).

Не е невообичаено остатоци од бродови од другата страна на Пацификот да завршат на Маршалските Острови. Пратки со дрога и претходно завршувале на крајбрежјето, особено на атолот Ајлук, но пратката од минатата недела е најголема досега.

Полицијата претпоставува дека екипажот можеби го напуштил бродот за да избегне апсење или, пак, загинал во бура.



Слични Објави