БОКИ СЀ УШТЕ Е ВО БОЛНИЦА, ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА „МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ“
Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, сѐ уште е во болница, поради што утрово по третпат се одложи судското рочиште за овој предмет.
Од затворот во Шутка, како што информираше судијката Софче Гаврилова-Ефремова, судот бил известен дека Јовановски не се наоѓа таму, односно дека сѐ уште е на болничко лекување.
Поради состојбата на Јовановски, судијката ги отповика и наредните две рочишта, кои беа закажани за 14 и 22 октомври, а следното рочиште го закажа за 28 октомври.
Боки на 8 септември, по воспаление на желудникот, беше префрлен во болница на итна операција.
