| |

Денков ќе се сретне со премиерот на Нидерландија Марк Руте во Хаг

Премиерот на Бугарија академик Николај Денков денеска ќе се сретне со премиерот на Нидерландија Марк Руте за време на неговата еднодневна посета на Хаг, Холандија, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Двајцата ќе разговараат за прашања од билатерален интерес и европската агенда, вклучително и теми поврзани со безбедноста во ЕУ.

Во фокусот на разговорот ќе бидат и клучните приоритети за Бугарија, како што е целосниот влез во Шенген оваа година и членството на земјата во еврозоната од 1 јануари 2025 година.

Слични Објави