| |

Најголемата бугарска естрадна ѕвезда Лили Иванова ќе одржи концерт на свеченото отворање на Споменикот на обединувањето – Пилон „Рожен“

Наjголемата ѕвезда на бугарската естрада Лили Иванова ќе одржи концерт на свеченото отворање на Споменикот на обединувањето – Пилон „Рожен“. Ова го соопшти прес-центарот на фондацијата „Наследството во иднината“, чиј проект е изградбата на 111-метарскиот столб на Роженските ливади во планината Родопи.


Концертот на Лили Иванова ќе се одржи на 13 јули во 21:30 часот. Организаторите очекуваат од 70.000 до 100.000 луѓе да присуствуваат на церемонијата на откривање на столбот.
Во основата ќе бидат вградени временска капсула и мермерна плоча на која е прикажана картата на Бугарија со пораки до идните генерации.

Слични Објави