Амбасада на Република Бугарија во Скопје со ново добро дело за децата со посебни потреби. Тимот на бугарското дипломатско претставништво се вклучи во кампањата на Пакомак за рециклирање со неколку илјади пластични капачиња. Целта на кампањата на Пакомак е закупување на инвалидски колички за децата што имаат потреба од истите.
„Многу сум среќна, што заедно со колегите од Бугарската амбасада во Скопjе направивме уште едно добро дело за децата со посебни потреби. Собравме илjадници капачиња, кои ги дадовме за рециклиране на Пакомак. Целта на нивната кампаниja е закупуване на инвалидски колички!“, напиша на социјалната мрежа facebook Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во РС Македонија Н. е. Ангел Ангелов.
Ангелова ја поздрави кампањата на Пакомак и ги повика сите луѓе да се вклучат во оваа добра кауза за децата со посебни потреби. Таа соопшти дека слична кампања „Капачиња за иднина“ се одвива успешно и во Бугарија и додаде дека специјална конструкција за собирање на капачиња се наоѓа пред Зоолошката градина во Скопје.
Бугарската амбасада и г-ѓа Билјана Ангелова низ годините биле иницијатори и организатори на голем број кампањи во помош на деца и возрасни со посебни потреби, жртвите на семејно насилство и бездомните домашни миленичиња.