| | |

(Видео) Родителите на Ангелите од Кочани од утре ќе започнат секојдневни блокади додека не почне судењето

Од утре родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ најавуваат мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани. Блокадите ќе траат по еден час дневно (15:15–16:15), сè до почетокот на судењето.

Причина за протестите е незадоволството од изјавите на адвокатите на осомничените, кои, според родителите, најавуваат долг судски процес од 10 до 15 години. Родителите бараат зголемување на капацитетите на судот и приоритетно постапување без одложувања, како и транспарентност на процесот.

– „Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука додека не почне судењето,“ порачаа семејствата на настраданите.

Денеска се одржа и 26-тиот „Марш за ангелите“, кој започна и заврши во „Паркот на Револуцијата“, при што накратко беше блокиран кружниот тек – местото каде што од утре ќе почнат редовните блокади.

Слични Објави